Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Сиљановска-Давкова: Европа нема да биде безбедна без Западен Балкан во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryg6fhsunk6c2seDifg3w

Претседателката Сиљановска-Давкова порача дека Европа не може да биде целосно безбедна додека Западен Балкан е надвор од ЕУ, бидејќи без посилна Унија регионот останува простор за влијание на надворешни сили во услови на тензии и хибридни закани. Таа истакна дека државата, и покрај реформи и компромиси, се соочува со нови бариери и неизвесност и побара навремени решенија за деблокада и обновена политичка волја за проширување. Конференцијата ја отворија и претставници на Паневропската унија; македонската е основана во 1993 и лобира за ЕУ интеграција.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Европа не може да биде целосно безбедна сѐ додека Западен Балкан останува надвор од Европската Унија, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворање на Меѓународната конференција на Паневропска унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости.

— реклама —

Таа оцени дека без поцврста и поодлучна Европска Унија, Балканот останува простор во кој надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, во услови на војни, геополитички тензии и хибридни закани. Говорејќи меѓу мозаиците на Глигор Чемерски, претседателката истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е суштински дел од европската целина.

— реклама —

Во обраќањето таа се повика на визијата на Рихард Куденхоф-Калерги за обединета Европа изградена врз вредности, како и на заложбите на Ото фон Хабсбург за интеграција на народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

— реклама —

Сиљановска-Давкова посочи дека земјата и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси се соочува со нови политички бариери и продолжена неизвесност на европскиот пат. Таа нагласи дека на граѓаните не им се потребни сожалувања и задоцнети извинувања, туку навремени решенија за деблокада на евроинтеграцијата.

Претседателката повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување на Унијата.

На конференцијата се обратија и претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор Мартин Памер и претставникот на Паневропската унија на Австрија и Институтот на регионите на Европа, Штефан Хабек.

Паневропската унија на Македонија е формирана во 1993 година и се залага за промоција на европските вредности и за меѓународно лобирање за интеграција на државата во Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library41v4o6fka4cg1JdVAV7

Силјановска-Давкова на прием кај Трамп и првата дама на САД

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycnaag5t0056f7Hv1Koj

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот Колумбија во Њујорк во рамки на Светскиот лидерски форум

Македонија | пред 4 месеци

KARAMAN

(Фото) Посебен подарок за претседателката, миленик од расата Караман!

Македонија | пред 5 месеци

siljanovska-davkova-4

Партиите да седнат и да се договрат како ќе настапуваат надвор од државата, нема потреба од нова декларација со „црвени линии“, порача шефицата на државата

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања