„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот Колумбија во Њујорк во рамки на Светскиот лидерски форум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarycnaag5t0056f7Hv1Koj

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Светскиот лидерски форум на Универзитетот Колумбија, истакнувајќи дека проширувањето на Европската Унија кон Западен Балкан не е само техничко прашање, туку клучно за стабилноста и безбедноста на регионот.

— реклама —

Интеграцијата на земјите од регионот не е само техничко прашање, туку и безбедносен императив, за што е неопходна солидарност и стратешка решителност, рече претседателката пред академската заедница.

Таа посочи дека ирационалната билатерализација и злоупотребата на ветото негативно влијаат на довербата во ЕУ.

Ветото не е дел од Копенхашките критериуми. Застојот во политиката на проширување негативно влијае на кредибилитетот на Унијата, рече Сиљановска-Давкова.

Претседателката го истакна и историскиот контекст на Балканот, потенцирајќи дека регионот е интегрален дел од Европа:

— реклама —

Луѓето од Балканот отсекогаш се доживувале себеси како Европејци – географски, историски и културно.

Таа ја нагласи важноста на идеализмот и етиката во политиката:

Она што ни треба е малку повеќе идеализам, а не утопија. Идеализмот значи право, правда, етика, морал. Тимос – да бидеш препознаен“, истакна Сиљановска-Давкова.

Во однос на глобалните институции, таа повика на реформи во рамките на Обединетите нации.

Сè уште верувам во ОН. Но, потребни се длабоки реформи за да се заштитат ранливите институции и да се спречи авторитаризам, рече претседателката.

Студентите на Универзитетот Колумбија поставуваа прашања за македонскиот устав, надворешната политика и состојбите во регионот, а Сиљановска-Давкова нагласи дека солидарноста меѓу земјите-членки е критична за напредокот на регионот и за доказ дека Homo Balcanicus може да биде и Homo Politicus.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library41v4o6fka4cg1JdVAV7

Силјановска-Давкова на прием кај Трамп и првата дама на САД

Македонија | пред 3 месеци

KARAMAN

(Фото) Посебен подарок за претседателката, миленик од расата Караман!

Македонија | пред 3 месеци

siljanovska-davkova-4

Партиите да седнат и да се договрат како ќе настапуваат надвор од државата, нема потреба од нова декларација со „црвени линии“, порача шефицата на државата

Македонија | пред 3 месеци

siljanovska-davkova-4

„Богородица е во храмовите, домовите, но најмногу во нашите срца, да ја надминеме духовната и морална криза и да се вратиме на вистинските вредности“

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања