„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Лажен полицаец ѝ украде 17.300 евра: 83-годишна скопјанка измамена со измислена несреќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
penzioneri-bugarija

Возрасна жена од Скопје пријавила во Полициската станица Бит Пазар дека била жртва на класична телефонска измама, откако непознат сторител ѝ се претставил како полициски службеник и ѝ соопштил дека нејзината внука наводно прегазила дете мигрант. Во паника, 83-годишната скопјанка извадила 17.300 евра и ги оставила на договорено место, по што сфатила дека е измамена.

„На 23.05.2025 во 18.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 17.300 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, лажно се претставило како полициски службеник и ја информирало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант кое починало. Според пријавеното, таа ги извадила парите од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена“, велат од МВР.

— реклама —

Полицијата работи на расчистување на случајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydh7mp4f2m0go8R7JAMn

Без дозвола и пијани зад волан – 12 возачи се приверени

Македонија | пред 13 часа

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Напади врз сопруги, мајки и партнери: нови апсења за семејно насилство во Штип, Струга, Велес, Куманово, Скопје

Македонија | пред 13 часа

media-librarypou2rd2qm2tv74ME7sP

Грабеж на автобуска постојка во Центар: Со сила ѝ го одзеле накитот на жена

Скопје | пред 13 часа

DSC_0288

Приведени три лица во тетовско, меѓу кои малолетници, откако полицијата најде Пит бул по борба

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања