Свет

Се огласи ЕХФ по откажаниот натпревар помеѓу „Алкалоид“ и „АЕК“: Не се одигра поради безбедносни причини

Натпреварот што требаше да биде круна на европската ракометна сезона за клубот Алкалоид заврши без одигрување. Финалето од Европскиот куп на ЕХФ против АЕК Атина официјално е откажано поради безбедносни причини, соопшти Европската ракометна федерација.

„Финалето на Европскиот куп на ЕХФ, помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, е откажано поради безбедносни причини. Дополнителни информации за понатамошните процедури ќе бидат соопштени навремено“, наведуваат од ЕХФ.

Сепак, извесно е дека грчки АЕК се откажал поради притисоци од навивачите кои поставиле ултиматум до сопственикот клуб. Во Македонија дошле повеќе од 200 навивачи, без карти и не можеле да влезат. Барале од управата на клубот да го напушти теренот за да не трпи последици по нивното враќање во Атина.

На почеток