„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

ССНМ со јасна порака: Време е за ослободување на придонесите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
mediumi-obvinitelstvo

Даночно ослободување на придонесите за новинарите и медиумските работници, усогласување на договорите со законската рамка и јасно разграничување меѓу вистински синдикати и таканаречени „жолти“ синдикати, се главните барања на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

— реклама —

Овие пораки беа истакнати на завршната конференција од проектот „Работнички права за независно новинарство“, кој ССНМ го спроведе заедно со РЕСИС и со поддршка од Европската Унија.

Според податоците, околу половина од новинарите и дури 70 отсто од медиумските работници имаат примања пониски од просечната месечна плата во земјата, која за периодот мај-октомври 2023 година изнесувала 37.065 денари. Притоа, 2.100 лица извршуваат над 3.100 работни позиции – статистика што зборува за хронична преработеност и недоволна застапеност.

— реклама —

„Најверојатно сме единствена професија каде 2.400 луѓе покриваат над 3.000 позиции. Се обидовме, но не успеавме да ја истуркаме иницијативата за даночно ослободување на придонесите – особено значајна за опстанокот на локалните медиуми“, изјави претседателот на ССНМ, Павле Беловски.

Тој истакна дека без социо-економска сигурност, не може да се зборува за слободни медиуми и новинари со интегритет.

„Ако не се исполнети основните работнички и економски услови, не може да има ни квалитетна содржина, ни заштита на јавниот интерес – а тоа е сржта на новинарството“, нагласи Беловски.

Тој апелираше за поголема поддршка на локалните медиуми и дописници, кои се соочуваат со многу посериозни предизвици од колегите во Скопје. Според него, токму во време на дигитална инфлација на информации, професионалното новинарство е поважно од кога било.

Неда Чаловска, експертка за човекови права, посочи на правниот хаос со договорите за работа.

„Голем дел од новинарите немаат договори усогласени со законите. Особено во приватните медиуми, тие се без соодветна заштита – а без права нема професионализам“, рече таа.

Поранешната претседателка на ССНМ, Тамара Чаусидис, ја презентираше Повелбата за професионални и работнички права, документ кој треба да биде водилка во унапредување на статусот на новинарите.

ССНМ во изминатите две и пол години го зголемил членството за над 70 проценти и ќе продолжи да работи на зацврстување на своите редови, препознатливост и борба за достоинствени услови во медиумите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

megafoni

ЗНМ и ССНМ: Заканите и тужбите не смеат да го замолчат гласот на новинарите

Македонија | пред 1 година

megafoni

„Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска“: Повик од ЗНМ и ССНМ за итна истрага

Македонија | пред 1 година

prosvetni-rabotnici

Работниците на улица, ССМ најавува протести

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања