Промени тема
Контакт

ЗНМ и ССНМ: Заканите и тужбите не смеат да го замолчат гласот на новинарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
megafoni

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост поради актуелните предизвици со кои се соочуваат новинарите во однос на транспарентноста и отворената комуникација со градските власти во градот Скопје.

„Конкретно, игнорирањето на медиумските покани и ограничувањето на пристапот до информации од јавен интерес придонесуваат за напнатост и го отежнуваат слободното новинарско работење. Дополнително, се појавуваат правни притисоци и најави за тужби кон медиумот „Скопје1“, што предизвикува чувство на обесхрабрување кај новинарите.

— реклама —

ЗНМ и ССНМ нагласуваат дека е неопходно да се овозможи отворен и конструктивен дијалог меѓу јавните функционери и медиумите, како и да се зачува правото на новинарите да ја вршат својата работа без страв од притисоци или заплашувања.

— реклама —

Слободата на изразување и правото на медиумите да информираат се темелни принципи на демократското општество.

— реклама —

ЗНМ и ССНМ ги повикуваат надлежните институции да обезбедат заштита и поддршка за професионалните права на новинарите, како и да се осигура средина каде медиумите можат слободно да ја информираат јавноста“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryofr1hrhf7or27XFDU7F

ЗНМ и ССНМ: Повикот на Обвинителството може да се сфати како притисок врз медиумите

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
IMG_5572

Првата група повредени од трагедијата во Кочани заврши рехабилитација – Министерството за здравство со апел, ЗНМ со остар одговор

Македонија | пред 1 година

znm

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Македонија | пред 1 година

pance-toskovski-znm-2

ЗНМ и ССНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања