Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

„Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска“: Повик од ЗНМ и ССНМ за итна истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
megafoni

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на нашата членка, новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ.

— реклама —

„Ова видео, кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот на Вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, отвора сериозни прашања за приватноста, незаконското следење и правата на новинарите во Македонија.

Објавата на незаконски снимено видео од новинарката Мирослава Симоновска ја нарушува нејзината приватност и нејзините основни права без разлика што објавениот видео материјал е со заштитени идентитети. Секој новинар има право слободно да се движи и да комуницира со граѓани без страв од незаконско следење или нарушување на приватноста.

— реклама —

Оваа акција, за која веруваме дека е насочена кон застрашување и дискредитација на Мирослава Симоновска поради нејзината критичка работа, особено во однос на истражувањето на високиот јавен обвинител, претставува директен напад врз новинарската независност и претставува закана за сите професионални новинари“, велат од ЗНМ и ССНМ.

„Со ова, се создава опасност од автоцензура и се поткопува клучната улога на медиумите во контрола на власта, особено што не е изолиран случај бидејќи до ЗНМ и ССНМ утрово пристигнаа и други пријави од новинарки кои сведочат за суптилни притисоци за нивни теми поврзани со работата на Вишо јавно обвинителство.

Информираме дека утринава, новинарката Мирослава Симоновска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за неовластено снимање од страна на службено лице.

Бараме од Основното јавно обвинителство итно и без одлагање да спроведе темелна истрага во врска со овој случај и ги повикуваме надлежните институции да ги заштитат правата и безбедноста на новинарите.

ЗНМ и ССНМ ќе ги известат меѓународните организации за поддршка на медиумите за ова скандалозно прекршување на правата на новинарите, кое може да има застрашувачки ефект врз слободата на медиумите во Македонија. Ова сериозно ја загрозува слободата на новинарите, заплашувајќи ги не само нив, туку и сите останати граѓани кои можат да се јават како извори кои би посочувале на злоупотреби во државните институции.

Исто така, упатуваме порака до медиумите случаите каде има сомнително стекнати материјали да ги третираат со особено внимание и строго да ги почитуваат етичките стандарди“, се додава во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_5572

Првата група повредени од трагедијата во Кочани заврши рехабилитација – Министерството за здравство со апел, ЗНМ со остар одговор

Македонија | пред 5 месеци

znm

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Македонија | пред 7 месеци

pance-toskovski-znm-2

ЗНМ и ССНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

Македонија | пред 8 месеци

saso-ordanovski

ЗНМ: Загрижува што пратеник на владејачка партија употреби несоодветни квалификации за Ордановски

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања