„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Разбиени крвавите мрежи на две групи, меѓу кои и„Беланоца“ – седум убиства, закани и пожари координирани од затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Shisha-bar-ubistvo

Сузбиени се групите  „Беланоца“ и втора група која дејствувала низ Скопје, но и Македонија, обзнани Обвинителството за гонење организиран криминал. Тие посочуваат дека поднесени се две обвиненија, за повеќе кривични дела, меѓу кои и убиства. Според Обвинителството, преку своите активности тие го загрозиле животот на луѓето. Обвинение има против девет лица, шест се во бегство.

Станувало збор за исклучително сериозна структура, брифираат од Обвинителството. Тие се гонат за изнуди, закани, злосторничко здружување, но и тешки дела како палење на објекти.

— реклама —

„Најстарото убиство е од 2014 година. Првата група нарачува и извршува со логистика четири убиства, од кои едното е двојно убиство. Мотивите се различни. Тие се по порачка, поради ниски побуди. Познати се Шиша бар и убиството во Ханиоти“, велат од ОЈО-ГОКК.

— реклама —

Втората група има три убиства, едно е двојно, а три лица кои се осомничени се во бегство. Едно лице е преживеано и ги препознава и посочува овие две лица.

— реклама —

„Од затворска установа биле координирани и правени. Се правеле планови како да се лиши од слобода и тој што преживеал, за да нема кривична постапка“, додаде ОЈО-ГОКК.

Секојдневно имало активности и планирање на сериозни кривични дела, додаваат оттаму, а истражителскиот тим се раководел од изнудите за да дојде до сите други кривични дела.

„Во однос на палење на возила, потврдено е и се товари во обвинителниот акт дека едно од лицата кое е во затвор ги нарачува овие пожари и тоа го извршуваат млади лица надвор од затворот, за мали парични износи на што се влијае тие да продолжат со остварување на нивните цели како што им е зацртано. Во еден од претресите е пронајден експлозив-ТНТ и полу-автоматска пушка скриена во напуштена куќа, каде ги криеле предметите со кои правеле кривични дела“, додаде ОЈО-ГОКК.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryc750mhqc5l1t1xefB3c

(Видео) ДНК на 25-годишниот убиец се совпаѓа со трагите кај последната жртва во кумановско

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-09-17-at-14.47.11

Протест пред МВР поради фемицидот во Велес – граѓански организации повикуваат „Ниту една повеќе“

Македонија | пред 6 месеци

siena-pariz

Франција: Во Сена пронајдени четири тела, уапсен осомничен за убиство

Свет | пред 7 месеци

viber_image_2025-08-10_15-21-01-256

Детали за престрелката во центарот на Тетово: едно лице убиено, четворица повредени меѓу кои и дете

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања