Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Франција: Во Сена пронајдени четири тела, уапсен осомничен за убиство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
siena-pariz

Француската полиција уапси маж кој се сомничи за убиство, откако во реката Сена кај Париз беа пронајдени четири тела, пренесува BBC.

— реклама —

Првото тело било забележано на 13 август од страна на минувач кај мостот во предградието Choisy-le-Roi, југоисточно од Париз. Истата вечер, полицијата при претрес на подрачјето пронашла уште три тела во водата. Според обвинителството, една од жртвите била задавена, а кај друга биле утврдени траги од насилство.

Првата идентификувана жртва е локален маж на 40-годишна возраст, чието тело било релативно кратко време во водата. Останатите три тела, пак, биле во „напредна состојба на распаѓање“.

— реклама —

Обвинителството соопшти дека засега нема докази дека четворицата се поврзани. Можно е телата да биле потопени на различни локации узводно, по што Сена ги донела до мостот кај Choisy-le-Roi.

Осомничениот е во притвор во Париз, но засега не е објавен неговиот идентитет ниту бројот на убиствата за кои се испитува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-09-17-at-14.47.11

Протест пред МВР поради фемицидот во Велес – граѓански организации повикуваат „Ниту една повеќе“

Македонија | пред 2 месеци

viber_image_2025-08-10_15-21-01-256

Детали за престрелката во центарот на Тетово: едно лице убиено, четворица повредени меѓу кои и дете

Македонија | пред 3 месеци

Shisha-bar-ubistvo

Разбиени крвавите мрежи на две групи, меѓу кои и„Беланоца“ – седум убиства, закани и пожари координирани од затвор

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања