Македонија

СДСМ возвраќа: Ќе има дебата кога Мицкоски ќе излезе со став за референдумот

СДСМ веднаш со реакција по повод прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерската партија истакна дека дебата ќе има кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе го искаже својот став за референдумот.

„Христијан Мицкоски да каже како може да му се помогне за побрзо да го дефинира својот став. Иднината на државата не смее да биде ризикувана заради нискиот рејтинг на Мицкоски. Во политиката и во дебатата, најлошо е да немаш став. Охрабри се Мицкоски, соопшти став за референдумот и ќе има и дебата и иднина и напредок за европска Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток