Мицкоски за осомничениот Нацев: Бил дел од Владата во 2016 година, тоа е последно што го знам


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Александар Нацев, кој е осомничен во предметот за пожарот во „Пулс“, бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016–2017 година, но нагласи дека нема понови информации за неговата улога или активност. Тој ја охрабри Јавната обвинителска служба да продолжи со истрагата и порача дека, доколку има основи за вина, институциите ќе добијат целосна поддршка од Владата за да постапуваат согласно законите.
„Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016-2017 година и тогаш обавувал некаква функција. Тоа е последното нешто што го познавам за Александар Нацев. И го охрабрувам Обвинителството и натаму да работи и ако има било кој вина, да дејствува, ние ќе им помогнеме“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Александар Нацев, реален сопственик на фирмата „Рубикон“, која без договор ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, доби 30 дневен притвор. Според информациите од Обвинителството, Нацев заедно со управителот и одговорното лице на подружницата, незаконски вршел обезбедување без склучен договор, без безбедносна проценка и без план за евакуација.
Во текот на критичната вечер, екипата не спречила влез на малолетни лица, преполнетост на објектот, ниту внес на пиротехнички средства, со што е предизвикан пожарот. Трагично, настрадаа 62 лица, 157 се со тешки, а 54 со телесни повреди.
МакедонијаГаздата на обезбедувањето, Нацев, зад решетки: одреден му е притвор од 30 дена во предметот за пожарот во „Пулс“Avatar
ОдСкопје1.мкОбјавено на 10/06/2025
Александар Нацев, реален сопственик на фирмата „Рубикон“, која без договор ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, доби 30 дневен притвор. Тој е осомничен со проширување на истрагата за трагедијата во Кочани за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Притворот го изрече Судот во Кочани, потврдуваат оттаму за „Скопје1“.
Според информациите од Обвинителството, Нацев заедно со управителот и одговорното лице на подружницата, незаконски вршел обезбедување без склучен договор, без безбедносна проценка и без план за евакуација.
Во текот на критичната вечер, екипата не спречила влез на малолетни лица, преполнетост на објектот, ниту внес на пиротехнички средства, со што е предизвикан пожарот. Трагично, настрадаа 62 лица, 157 се со тешки, а 54 со телесни повреди.
По судска наредба, извршени се претреси на неколку локации и запленета е релевантна документација.
Нацев на 16 март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата
„Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја поврзаност со овој настан се дезинформација и шпекулација. Тоа се само обиди за блатантна политичка игра и добивање морбидни поени“, напиша Нацев.
