Скопје

Таткото на прободеното дете: Меѓу личните работи на син ми нема нож, за разлика од синовите на високи функционери

Таткото нa момчето кое со нож беше прободено во саботата во дискотека од страна на две лица, синови на висок функционер вработен во МВР, се огласи денеска преку својот Фејсбук профил:

„Ги земав личните предмети на син ми од болница, меѓу нив има лични документи и парфем, нема нож како што имале сторителите, така сум го воспитал да ги сака луѓето, да помогне каде што може. Правеше големи сметки на телефон донирајќи за некоја објава за помош на лица за кои се собираа парични средства потребни за лекување. За разлика од него, сторителите синови на висок функционер, излегуваат на забава со ножеви, се прашува ли некој надлежен со каква цел е излегувањето на млад човек во дискотека со нож“, стои во статусот на таткото на прободеното момче.

Момчето беше пpoбодено со нoж во саботата во дискотека во Марино.

Gi zemav licnite predmeti na sin mi od bolnica,megu niv ima licni dokumenti i parfem,nema noz kako sto imale…

Posted by Goce Filipovski on Monday, March 25, 2019

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток