Свет

Поради сомнеж за технички проблеми, авион на „Ер Индија“ се врати на аеродромот во Хонгконг

Патнички авион на компанијата Ер Индија, модел „Боинг 787-8 Дримлајнер“, кој летал од Хонгконг кон Њу Делхи, се вратил на аеродромот во Хонгконг поради сомнеж за технички проблем во воздух.

Како што соопшти Аеродромската управа на Хонгконг, летот AI315 побарал „локална приправност“ околу 13 часот по локално време, а безбедно слетал околу 13:15 часот.

Од Ер Индија сѐ уште нема официјална изјава во врска со инцидентот. Нема пријавени повредени патници или членови на екипажот.

На почеток