Свет

Г7 со остра изјава за Иран – Трамп нема да ја поддржи?

Лидерите на Г7 на самитот во Италија усвоија заедничка изјава со остра реторика кон Иран и силна поддршка за Израел – став што веднаш отвори прашања околу одржливоста на американската надворешна политика, особено доколку Доналд Трамп се врати на власт.

Во изјавата, групата најразвиени демократии во светот (САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Канада и Јапонија) го осудија „дестабилизирачкото однесување на Иран во регионот“, посочувајќи на неговата поддршка за Хезболах, Хути бунтовниците во Јемен и нападите врз израелска територија. Во исто време, Г7 изрази „недвосмислена поддршка за правото на Израел да се брани“.

Меѓутоа, дипломатски извори велат дека тоновите во документот се многу поостри од вообичаеното и дека таков пристап веројатно нема да биде прифатен од Доналд Трамп. Како што јавуваат дел од западните медиуми, поранешниот претседател е скептичен кон долгорочна вмешаност на САД на Блискиот Исток и досега бил резервиран кога станува збор за безусловна поддршка за Израел, особено во контекст на конфликтот во Газа.

На почеток