View the subsequent content through the homepage link#usa #shortsvideo #newyork
vyiJXYRCAYI

Трет обид за надзорна расправа во Собрание за трагедијата во Кочани и пропустите на институциите, иницирана од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
pratenici-sobranie-levica

​„Денес на дневен ред на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот како единствена точка на Дневен ред ќе се најде Иницијативата на пратеникот и претседател на Комисијата, Димитар Апасиев, за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани и институционалните пропусти што довеле до неа“, велат од Левица и додаваат:

— реклама —

Станува збор за трет обид на пратеничката група на Левица да отвори транспарентен парламентарен процес на утврдување одговорност. Дали расправата ќе се одржи или не – ќе зависи пред сѐ од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои на седницата на 4 јуни, заедно со пратениците од ВРЕДИ и ЗНАМ, гласаа против ставањето на оваа точка на дневен ред.

Претходно, на почетокот на април, пратеникот на Левица Борислав Крмов како избран пратеник од Изборна единица 3 поднесе иницијатива за надзорна расправа, но истата не доби поддршка од ниту еден друг пратеник надвор од редовите на Левица, односно доби само шест потписи, а беа потребни најмалку 15 потписи за да влезе во процедура.

— реклама —

Од Левица повторно апелираат до владејачкото мнозинство да не го блокираат овој процес, кој е прашање од суштински јавен интерес. „Обврската за отчетност не е политичка опција, туку демократска должност. Граѓаните, особено кочанчани, заслужуваат одговори. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес имаат шанса да докажат дека немаат што и кого да кријат”- се вели во соопштението на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ivica-tomovski

Левица ќе достави фотографии до Антикорупциската комисија во предметот за „Сити Аутсорсинг“ и директорот на СОЗР, Ивица Томовски

Македонија | пред 23 часа

media-libraryurdlg2hik65qcX4p8dm

Левица: Дали Митески чека трагедија за да го затвори „Зимзоленд“?!

Скопје | пред 1 ден

media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси

Македонија | пред 2 дена

jancev

Родителите на тинејџерите од сообраќајката во Марино бараат одземање на имунитетот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања