Заменик претседателот на Владата за европски прашања д-р.Бујар Османи денеска, ќе биде во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На средбата ќе се разговара за надлежностите и обврските на Агенцијата, улогата во евроинтеграциските процеси, а посебен акцент ќе биде ставен на мониторингот на изборното медиумско покривање.
Средбата ќе се одржи во просториите на Агенцијата, во конференциската сала на 5-ти кат. По нејзиното завршување, директорот на Агенцијата и Заменик претседателот на Владата за европски прашања, ќе дадат изјава за медиумите.