Македонија

(ВИДЕО) O2 Иницијатива: Возење низ чад од масовни палења, наша реалност

Објавено на

Кочанско, месецов. Гори земјава наша, пари фрлени за гаснење на пожари, наши пари, за да се изгаснат масовниве пожари кои се резултат на човечки фактор, некој некаде запалил и после авиони со денови и тони вода не можат да изгаснат, пишуваа на фејсбук профилот од O2 Иницијатива.

Тие во објавата додаваат:

Колку е потрошено до сега само на гаснење на пожариве? Колку допрва ќе се потроши? Да не зборуваме за ненадоместливите штети по здравјето и природата. Зошто никој не размислува за последиците од погрешно спроведените политики на неказнивост, неажурност, неодговорност? Од несоодветно спроведените програми за земјоделците и сточарите, шумите, стратегијата за Ромите, инспекцијата…
Која е целта од вакви погрешни политики? Да се уништи сè што вирее на овие простори? Да останеме загадена пустелија каде само болни се раѓаат и болни умираат?

Актуелно оваа недела

Exit mobile version