Филмската режисерка Ањес Варда, централна фигура на францускиот Нов бран и добитничка на Златен лав во Венеција, почина на 90 години, потврди нејзината продукциска куќа „Сине тамари“.
„Режисерката и уметница Ањес Варда почина во нејзиниот дом, по компликации од рак. Таа беше опкружена од нејзиното семејство и пријателите“, стои во соопштението кое го објави нејзиното семејство.
Во нејзината кариера ги сними филмовите како „Клео од 5 до 7“, „Вагабонт“, за кој во 1985 го доби Златниот лав и „Жако од Нант“.
Варда со години беше присутна на Канскиот филмски фестивал, каде ги претставуваше нејзините филмови од 1958 до 2018. Два пати беше член на жирито во Кино, а во 2015 фестивалот ѝ додели Златна палма за животно дело. Во 2018 имаше и номинација за Оскар за нејзиниот документарен филм „Лица, места“, а доби и почесен Оскар за животно дело.
„Најголема од најголемите“, напиша за Варда британскиот филмски критичар Питер Бредшо.