Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Српско оружје преку Чешка и Бугарија до Украина? Москва со сериозни обвинувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
putin-odlikuvanje-vucic

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) преку своето прес-биро објави наводи дека српската воена индустрија преку трети земји придонесува за вооружувањето на украинската армија. Според нив, извозот на муниција и оружје произведено во Србија, особено за артилериски системи, се зголемил и покрај дипломатскиот притисок од Москва кон Белград.

— реклама —

Се тврди дека опремата се извезува во земји членки на НАТО, каде потоа се склопува или доработува, со што формално не се води како директен извоз во Украина. Како главни дестинации се посочени Чешка и Бугарија.

— реклама —

Во извештајот се споменуваат и конкретни компании – како „Крушик“ од Ваљево и „Елинг“ од Лозница – чии производи, според СВР, завршуваат кај западни компании кои, пак, се поврзуваат со испораки на оружје за Киев.

— реклама —

СВР, како што се наведува во нивното соопштение, го осудува овој тренд и ја обвинува Србија за „политичка двосмисленост“, тврдејќи дека ваквите постапки се спротивни на „традиционалните врски меѓу српскиот и рускиот народ“.

— реклама —

Наводите не се потврдени од независни извори, ниту од надлежни институции во Србија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypk58vhsufsjn10K3w0Z

(Видео) Студентка од Србија со жесток одговор до новинарка стана вирална

Свет | пред 40 минути

brnabikj

Брнабиќ најави: „Ќе го молиме Вучиќ да се кандидира за премиер“ пред можни вонредни избори во Србија

Свет | пред 19 часа

Screenshot-2024-01-22-at-09.31.58

Одложена средбата меѓу Вучиќ и Тајани

Свет | пред 1 ден

brnabikj

Брнабиќ бара реакција од ЕУ: Очекувам осуда за протестите во Белград

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања