🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

По обвинувањата од Москва, Вучиќ вели: Србија веќе не извезува оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија целосно го запрела извозот на оружје и дека сета произведена муниција моментално се испраќа исклучиво за потребите на домашната армија.

— реклама —

„Едно е што извезувавме по 7 октомври, а ситуацијата денес е сосема различна. Сега буквално сè запревме и го испраќаме само на нашата армија“, рече Вучиќ, по седницата на проширениот колегиум на Генералштабот.

Во својата изјава, тој нагласи дека запирањето на извозот било неопходно поради променетите безбедносни и економски услови, но и за да се заштитат работните места во одбранбената индустрија. Вучиќ рече дека платите во клучните воено-индустриски капацитети – како „Крушик“, „Слобода“, „Застава“, „Прва искра“ и други – зависат од продажбата на муниција.

— реклама —

„Ако не исплаќавме плати во Крушик, Слобода, Лучани, Крагуевац, Земун и Бариќ, ќе пуштевте 50 камери да снимате како народ гладува. А платите се исплаќаат токму преку продажба на муниција“, изјави тој.

Според Вучиќ, Србија не продава оружје и воена опрема, туку само муниција, од која, како што наведе, живеат директно околу 24.000 вработени, а со семејствата – дури 150.000 луѓе.

„Нема да оставам 150.000 луѓе без леб“, рече српскиот претседател, нагласувајќи дека секоја одлука за понатамошна продажба ќе се носи врз основа на строго дефинирани критериуми и интересите на државата.

Оваа изјава доаѓа по објавите од руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), која ја обвини Србија дека индиректно снабдува Украина со муниција преку западни компании – што Белград досега официјално го нема потврдено.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye6gg3jlj4cm75GMAqLk

Навала во српските менувачници, се прават резервации за евра: Граѓаните масовно менуваат динари во евра

Свет | пред 1 ден

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ му одговори на Лавров: Ниту на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого

Свет | пред 1 седмица

media-libraryretpbucd202maFVi2fP

Спајиќ со порака до Вучиќ: „Ќе ве чекаме во ЕУ од 2028 година и навиваме да побрзате“

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ во Белград: ЕУ да нè прими сите заедно, инаку проблемите остануваат

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања