Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Пад на цените на гасот за 13% поради примирјето меѓу Иран и Израел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
873x400-1-16

Цените на природниот гас во Европа остро паднаа во вторникот, откако објавата на американскиот претседател Доналд Трамп за примирје меѓу Израел и Иран ги смири стравувањата од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

— реклама —

На ниделандската дигитална берза TTF, референтната цена за еден мегават-час гас со испорака во јули падна за речиси 13%, спуштајќи се од 40,52 евра (колку што изнесуваше во понеделникот) на 35,30 евра. Подоцна утрината цената се стабилизираше на 36,62 евра.

— реклама —

Овој пад ги врати цените на нивото од пред почетокот на воената ескалација меѓу Иран и Израел на 13 јуни. Само ден пред објавата на примирјето, пазарите беа вознемирени од американските напади врз иранските нуклеарни постројки, што ги подигна цените на највисоко ниво од почетокот на април – 42,44 евра по мегават-час.

— реклама —

Стравот од иранска одмазда, вклучително и потенцијална блокада на Хормускиот Теснец – клучна транспортна точка за глобалната нафта и гас – придонесе за нестабилност. Аналитичарите предупредуваа дека евентуален прекин на испораките кон Азија може да предизвика глобален шок, вклучувајќи и Европа која се натпреварува со азиските пазари за снабдување со втечнет гас.

— реклама —

Сепак, откако Иран одговори со ракетен напад врз американска база во Катар, при што немаше жртви, Трамп преку ноќ објави примирје, што ги охрабри инвеститорите и доведе до релаксација на енергетските пазари.

Стручњаците сега предвидуваат дека трговците ќе се вратат на полнeње на европските складишта, потпирајќи се на засилени испораки од САД, додека геополитичките ризици се привремено стивнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymelni2bloki4cBVvQff

Иран и Оман најавија протокол за надзор во Ормускиот теснец, Техеран предупредува на „пропорционален одговор“ по удари врз нуклеарни објекти

Свет | пред 10 часа

media-library25dri4qmp5nj34ELP6W

(Видео) Трамп објави снимка од напад во Иран

Свет | пред 12 часа

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Хегсет зборува за „камено доба“, иранската амбасада возврати со порака за „цивилизација“

Свет | пред 13 часа

media-libraryq6m5i0hhhhnf0uFSwn9

(Видео) Потврдени снимки од експлозии кај иранска ракетна база

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања