Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Николоски на средба со 11 најголеми компании во Франција: Имаме огромни инвестиции во патната и железничката мрежа, отвораме можности за соработка со француски компании и нови инвестиции во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
1000048773

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцираше вицепремиерот Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција.

— реклама —

Во своето излагање пред присутните, тој ги презентираше транспoртните политики на Македонија преку инвестициските планови за изградба и унапредување на железничката мрежа, особено изградбата на брза пруга на коридор 10. Притоа вицепремиерот Николоски потенцира дека унапредување на брзината на овој коридор е особено значајно за певтин и побрз карго транспорт за Централна Европа.

— реклама —

Исто така беа презентирани плановите и проектитe за унапредување на патната мрежа на европските коридори како и можностите за развој на авиосообраќајот.

— реклама —

Вицепремиерот Николоски на средбата истакана дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација на земјата, со што се отвораат големи можности за соработка со компании од Франција. Условите за инвестирање, дополни вицепремиерот Николоски се меѓу најконкуретните во регионот, со што Владата нуди услови и силна подршка за нови странски инвестиции.

— реклама —

На средбата беше презентирана и француската политика во делот на развој модернизација, управување и безбедност во железничкиот сообраќај на Франција од каде се пренесоа нови искуства и знаења.

Претходно, вицепремиеорт се сретна и со Магали Сезана, шеф при Генералната дирекција за трезор во Министерството за економија и финансии каде се разговараше за подобрување на економската и трговска соработка меѓу двете земји.

Работната посета и средбите на вицепремиерот Николоски со владини претставници на Франција, продолжуваат и во текот на утрешниот ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryh2qmbd26q03v8jnCU1e

Николоски: Проектот Градски воз напредува одлично

Македонија | пред 2 дена

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Цената во Скопје ќе биде над 5.000 евра метар квадратен, ако продолжи да не се носи ДУП, вели Николоски

Македонија | пред 3 дена

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Македонија | пред 1 седмица

media-library6p39a315gen96uL3GTW

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромит

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања