Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Проектот Градски воз напредува одлично

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryh2qmbd26q03v8jnCU1e

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

До месец јуни првата линија од Градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода, Аеродром до железичка станица Скопје ќе биде завршена, а со почетокот на школската година во септември ќе ја пуштиме во сообраќај. За останатите две линии тендер ќе распишеме оваа година со што ќе го скратиме рокот за една година и до 2027 година Градскиот воз комплетно на трите линии ќе биде завршен, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

— реклама —

Вицепремиерот, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорите на двете железнички претпријатија извршија увид во рехабилитацијата и реконструкцијата на првата линија.

Вицепремиерот Николоски истакна дека со набавката на новите автобуси, идејата е  да се комбинира транспортот така што фрекфренцијата на Градски воз да биде на еден час

— реклама —

“ Динамиката е добра. Ветивме дека ќе биде завршена првата линија до јуни и првата линија ќе биде завршена до јуни. Сакам да почнеме да ја навикнуваме јавноста дека се завршуваат проектите во предвиден рок. И како што гледате, проектите кои што ова Влада ги почна завршуваат во предвидениот рок и се движат во добра динамика, затоа што пред да ги започнеме проектите имаме еден многу сериозен процес на планирање за тоа како ќе се излезе на терен и како ќе се почне да се работи и навистина да се испорачува она што се ветува. До денес прогресот на првата линија која што оди од Зелениково преку Драчево, Ново Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица е 65 %, што е согласно динамичкиот план и очекуваме до јуни месец да истата биде завршена. По тоа следува еден период на тестирање и нашата цел е на 1 септември со почеток од новата школска година да почне да функционира градски воз на линија Зелениково, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром, Нова железничка станица, што сум уверен ќе помогне многу во растаретување на сообраќајот и сообраќајниот метеж во град Скопје а исто така во очекувања на зимата и во намалување на загадувањето. За таа цел со Железници Транспорт интензивно работиме на обезбедување на дополнителни гарнитури на возови, затоа што ќе се зголеми сообраќајот и тоа проект кој што го работиме” -изјави вицепремиерот Николоски и додаде:

— реклама —

“Jaвното претријатие Железничка инфраструктура доста напредува со проектирањето на другите две линии и работата оди побрзо од што беше планирано и очекувано. Очекуваме во текот на оваа година да се распише јавен повик односно тендер за двете делници заедно, што значи дека ќе го скратиме рокот на комплетно завршување на проектот Градски воз до крајот на 2027 година и ќе имаме три линии функционални.  Во добра соработка со ЈСП ќе значи едно целосно растеретување на сообраќајот во градот. Ако на тоа се надоврзе и проектот БРТ  веќе мислам дека во 2029 година ќе имаме целосно нова сообраќајна инфраструктура” – изјави Николоски.

Директорот на ЈП Железничка инфраструктура Синиша Ивановски истакна дека во овој момент се работи на замена на дрвените прагови кои се заменуваат со бетонски прагови со  цел да да се достигне проектирана брзина до 90 км на час, како и реконструкција на патните премини.

— реклама —

Градоначалникот на Град Скопје, Ѓорѓиевски истакна дека со проекот Градски воз, набавката на новите 100 автобуси и проектот за БРТ, значително ќе се подобри квалитетот на сообраќајниот транспорт во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања