Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска беше во работна посета на Кичево, каде што заедно со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкцијата на улицата „Рудничка“.

— реклама —

Проектот се реализира преку Министерството за транспорт, во соработка со Општина Кичево, а вредноста на инвестицијата изнесува околу 30 милиони денари.

— реклама —

Николоски информираше дека преку различни владини програми во инфраструктурниот развој на Кичево се вложуваат вкупно околу 360 милиони денари, односно шест милиони евра.

Според него, градежните работи на втората фаза од улицата „Рудничка“ започнале на 15 октомври и треба да завршат во рок од шест месеци. Првата фаза веќе е реализирана во соработка со Светската банка, а со завршувањето на втората улицата ќе добие булеварско решение.

— реклама —

Вицепремиерот најави продолжување на поддршката за општината и посочи дека меѓу значајните инфраструктурни проекти се и автопатот Охрид–Кичево, каде што, како што рече, работите се одвиваат со добра динамика, како и автопатот Кичево–Букојчани, чија изградба започнала на 11 октомври.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме Кичево“, порача Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 4 дена

media-library8thkvmljromv2hF1Xlo

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања