„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Битка за идентитетот: Радев и Мицкоски во жесток судир по извештајот на ЕП за Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-06-25-at-15.41.19

Полемиката меѓу Скопје и Софија околу идентитетските прашања повторно се разгори, откако Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го усвои извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц. Извештајот, кој беше поддржан со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“, веднаш предизвика реакции и на домашната и на бугарската политичка сцена.

— реклама —

Бугарскиот претседател Румен Радев испрати остро писмо до европските институции, во кое го критикува Европскиот парламент поради, како што вели, неприфатливо вклучување во теми од „морална и научна природа“ како што се „јазик“ и „идентитет“, без правна надлежност. Тој предупреди дека Бугарија нема да прифати никакво отстапување од европскиот компромис од 2022 година, и истакна дека правата на Бугарите во Македонија не се предмет за политичко пазарење.

– Претставува ризик тоа што се остава простор за слободни толкувања на поимите „македонски јазик“ и „идентитет“, што веќе го гледаме од нашите југозападни соседи – напиша Радев. Тој посочи и на, според него, нерегуларности во процесот на подготовка на извештајот, вклучително и неформални средби меѓу известувачот Вајц и македонски политичари.

— реклама —

Паралелно, македонскиот премиер Христијан Мицкоски остро реагираше на обидите во Европскиот парламент да се наметне терминологијата „современ македонски јазик“ и „современ македонски идентитет“, појаснувајќи дека тоа не е само предлог на Европската народна партија, туку заеднички предлог на четири европски политички групи.

– Во Брисел вчера видовме обид да се создаде нова нација и нов јазик – модерна македонска нација со модерен македонски јазик. Она што го обвинуваат дека Русија го прави во Украина, вчера се обидоа да го направат на македонскиот народ – изјави Мицкоски, истакнувајќи дека за него тоа не е мала победа, туку „големо разочарување“.

Мицкоски порача дека Македонија нема да прифати никакви промени на својот идентитет и јазик и ја повика Бугарија да ги почитува човековите права на македонската заедница на нејзина територија, вклучително и спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права во корист на организацијата ОМО Илинден Пирин.

Тој најави продолжување на борбата и во пленарната седница на Европскиот парламент што ќе се одржи меѓу 7 и 11 јули, но предупреди дека „лицемерието“ на дел од европските политичари може да доведе до опасни паралели со руската политика на негирање на национален идентитет.

– Македонија е подготвена за преговори, но само како Македонци, со македонски јазик и идентитет, не како некаква измислена нова нација – истакна Мицкоски.

Во меѓувреме, Бугарија најави дека ќе достави „мислење на малцинството“ како дополнение на извештајот, а амандманот за вметнување на зборот „современ“ не беше ставен на гласање поради процедурални причини.

Политичката и дипломатската борба околу идентитетските прашања продолжува, а исходот на пленарната седница во Европарламентот ќе биде следната клучна точка во овој сензитивен процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Rumen-Radev-e1517838891722

Радев: Интеграција на Македонија во ЕУ поскоро, но не на сметка на правата на бугарската заедница во земјата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryagq418rjagdc0EcRz8T

Одбиен од македонската амбасада – примен во словенечкиот парламент: искрена приказна на студентот Филип Трајковски

Македонија | пред 1 месец

EU-1

Црна Гора „одлична“, Албанија со „шестка“, а Македонија со „тројка“ во новиот извештај на Европската комисија

Македонија | пред 1 месец

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

Се менува сопственикот на „Лукоил Македонија“, руската компанија склучи договор со купувач

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања