Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Спорт
media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз на гостувањето во Копенхаген, откако Данска славеше убедливо со 4:0, решавајќи го натпреварот во второто полувреме.

— реклама —

Иако нашата селекција отпатува со амбиција за позитивен резултат, на теренот тоа не се реализираше. Натпреварот донесе разочарување и за селекторот Гоце Седлоски, кој имаше неуспешно деби на клупата.

Во првиот дел Македонија главно се бранеше, додека домаќините доминираа во поседот и шансите. Сепак, благодарение на неколку сигурни интервенции на Столе Димитриевски, мрежата остана мирна до паузата.

— реклама —

Сликата целосно се промени по одморот. Данска поведе само четири минути по стартот на второто полувреме, кога по лоша реакција во одбраната, Дамсгард ја искористи ситуацијата и ја смести топката во голот.

— реклама —

Набргу потоа следеше и втор удар. Дамсгард асистираше, а Исаксен прецизно реализираше за 2:0. Македонија не успеа да се консолидира, па истиот играч уште еднаш се запиша во листата на стрелци и ја зголеми предноста на 3:0.

Конечните 4:0 беа поставени по корнер на Ериксен, кога Норгард најдобро се снајде во мешаницата пред голот и ја испрати топката зад грбот на Димитриевски.

— реклама —

Со овој убедлив пораз, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство. Следниот натпревар против Република Ирска ќе биде без резултатско значење, но ќе претставува можност за поправка на впечатокот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Инфлацијата во октомври изнесува 3,3 проценти, месечниот раст на цените е 0,4 отсто

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
1-5

Петти состанок годинава, повторно без резултати: Бугарија и Македонија без договор за заедничко одбележување на годишнината од смртта на Даме Груев

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Нов судир на ставови меѓу Скопје и Софија: Бугарија не прифаќа посредник и бара уставни измени, а Македонија гаранции од ЕУ

Македонија | пред 1 седмица

EU-1

Македонија и уште пет земји од Западен Балкан се приближуваат до укинување на роамингот со ЕУ

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања