Македонија

Ѓорчев: Во месец март има повеќе од петстотини пожари низ Македонија – никој не превзема одговорност

Со недели и недели половина Македонија гори, никој не превзема одговорност. Г-дине Заев време е за оставки, време е за разрешување. Имаме ситуација во која како никогаш досега, во месец март има повеќе од петстотини пожари низ Македонија којшто никој не ги гаси, за којшто ништо не се превзема и не се бркаат сторителите. Се работи за пустош низ Македонија, се работи за невидена анархија досега во историјата на Македонија којашто многу, многу ги чини граѓаните на Македонија. Исчезнуваат шумите, горат овошни насади на луѓето, имаме евакуирање на цели села. Прашање на време е кога ќе дојдат жртви, истакна Владимир Ѓорчев-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Никогаш во Македонија немало повеќе од петстотини пожари во месец март. Тоа значи дека нема држава. Тоа значи дека нема институции. Тоа значи дека има целосна спрега на криминалот заедно со државните институции.

Вклучени се шумската мафија, вклучени се институциите на полицијата, локалните власти и министерствата. Не може во Македонија да има повеќе од петстотини пожари, а институциите да се индиферентни. Има таква зачмаеност, да има таква негрижа. Оваа негрижа многу ги чини шумите многу ги чини граѓаните, имотите на луѓето коишто ги имаат уништено. Се уништуваат националните паркови. Во време додека Зоран Заев оди и се поздравува и пие кафе низ чаршијата во Охрид гори струшко, гори Галичица, гори Преспа, гори трската. Никој ништо не превзема. Тоа е невидена негрижа.

Господине Заев време е за оставки, време е за разрешување. Време е некој да поднесе одговорност за оваа невидена негрижа која доведе до тоа да имаме такво охрабрување, такво осоколување на криминалците кои што се заштитени од вашите институции, за да имаме ситуација којашто во месец март внимавајте имаме повеќе од 500 пожари. Ваква негрижа и анархија не е видена во историјата во Македонија, горат огромни подрачја шумски и на Скопска Црна Гора и на Шара, гори во Поречието, гори во Источна Македонија во Малешевијата. Во Македонска Каменица се евакуираше цело село, беа загрозени животите на луѓето, гори националниот парк Галичица, гори Преспа, гори трската гори околу езерата. Имаше огромни пожари околу Кавадарци и Неготино, гори во Струмичко. Ваква негрижа едноставно човек го остава без зборови. Очекуваме и јавноста бара да има одговорност, оставки и разрешувања, ова е фијаско и дебакл на државните институции, фијаско и дебакл на државните институции на Зоран Заев.

Имаме одговорност во Министерството за внатрешни работи и на Оливер Спасовски кои што ништо не превземаат за да имаме одвраќање на оние кои што палат, имаме одговорност на Министерството за шумарство, да тоа е Министерство за шумарство, Министерство за земјоделие но исто така и шумарство. Министерот Николовски никаде го нема а половина шуми му изгореа.

Имаме одговорност во Македонски шуми, Дирекцијата за заштита и спасување чии што директор исто така пие кафиња додека половина Македонија гори. Тоа е трагична неодговорност, тоа е трагична неодговорност и сето она што сега го гледаме, да Македонија регресира. Имаме ситуација каде што во Македонија половина држава гори, никој не се грижи за тоа, половина

Македонија се иселува на никој око не му трепнува, каде што германските инвеститори велат нула, нула е Владата за инвестиции, никој не е разрешен, каде што имаме рекет и убиства низ цела Македонија никој не презема одговорност едноставно ситуација каква што никогаш, никогаш, никогаш сме немале во Македонија. Ова е државна катастрофа што се случува, истакна Владимир Ѓорчев-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

На почеток