Македонија

СДСМ: Започнува победничкиот караван на Стево Пендарвоски

Во текот на утрешниот ден (01.04.2019, понедленик), кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Пласница (13:00), Македонски Брод (14:00), Долнени (15:10), Кривогаштани (16:30) Крушево (19.00) и Прилеп (20:30 часот), се вели во соопштението од СДСМ.

По средбите со граѓаните на Пласница, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, Стево Пендаровски ќе учествува на отворена трибина со граѓаните на Крушево.На оваа трибина ќе се приклучи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Подоцна, со почеток во 20.30 часот, на градскиот плоштад во Прилеп, ќе се одржи централниот настан, отворена трибина со граѓаните на Прилеп на која ќе се обратат Стево Пендаровски, кандидат за претседател и Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Во прилог ви испраќаме целосен распоред на победничкиот каравan за првата недела од кампањата, велат од СДСМ.

 

На почеток