Свет

(Видео) По протестот во Белград: Приведени 29 лица поради насилство и напади врз полицијата

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, 29 лица се задржани во притвор до 48 часа поради сомнение за насилничко однесување и напади врз полицијата по завршувањето на масовниот протест што се одржа во саботата вечер во центарот на Белград.

Како што се наведува во соопштението, дел од приведените се товарат за кривични дела „насилничко однесување на спортска приредба или јавен собир“ и „напад на службено лице при вршење на службена должност“.

Меѓу нив се:

Игор Ј. (33) – осомничен дека удрил полицаец со шише во главата,

Ненад Н. (60), Живорад Ј. (37) и Зоран Л. (48) – наводно удирале, шутирале и фрлале пиротехника и шишиња врз полицијата,

Милош А. (26) – се сомничи дека носел фантомка и физички се пресметувал со полицијата,

Јован С. (21) – наводно шутирал припадници на жандармеријата и влечел еден за нога.

Дополнително, 15 лица се приведени поради фрлање камења, шишиња, пиротехника и остри предмети врз полицијата во различни делови од градот, а меѓу нив има и лица на возраст меѓу 21 и 59 години.

Според Првото основно јавно обвинителство, уште четири лица се задржани – тројца за напад на полицајци пред почетокот на собирот, а едно лице во алкохолизирана состојба се обидело да ја прескокне оградата и да нападне студенти во Пионирскиот парк.

Сите приведени ќе бидат изведени на сослушување во законскиот рок, а обвинителството најави дека во соработка со МВР и БИА продолжува со идентификација на останатите учесници во нападите врз полицијата.

На почеток