Македонија

(Видео) Муртезани: Европскиот процес не е блокиран, туку билатерализиран – не се плашиме од барања, но да не станат блокади

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, порача дека интеграцијата на Македонија во ЕУ не е замрзнат процес, иако е оптоварена со билатерални пречки. Според него, бугарското вето не го стопира целосно процесот, туку само го отежнува отворањето на преговорите.

„Европската интеграција е жива и се движи во повеќе сегменти. Преку Планот за раст, граѓаните на Западен Балкан веќе имаат пристап до одредени бенефиции што досега беа резервирани за земјите членки“, изјави Муртезани.

Тој нагласи дека Владата е подготвена да одговори на нови барања, но предупреди дека тие не смеат да бидат билатерални и да се претворат во нови блокади: „Не се плашиме од барања, но мора да бидат европски – а не национални ултиматуми.“

На почеток