МНР: Деветгодишно девојче од Македонија трагично загина во Италија

Од
Објавено на

Македонското Министерство за надворешни работи информира дека на 29 јуни, во местото Сан Џакомо ди Педероба во близина на Тревизо, трагично загинало деветгодишно девојче со потекло од Македонија.
Несреќата се случила покрај брегот на реката Пјаве. Конзулатот во Венеција е известен за настанот и, како што велат од МНР, е во редовна комуникација со семејството на починатото дете, со цел завршување на сите потребни постапки за транспорт на посмртните останки во Македонија.
Ask ChatGPT
