Промени тема
Контакт

Завршена евакуацијата: 605 македонски државјани извлечени од Блискиот Исток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryl5r8ekvdotj1cSZCEQ4

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека денеска е планирано реализирање на третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, кој воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонски државјани од погодените земји од Блискиот Исток.

— реклама —

Претходно беа реализирани евакуациски летови од Шарм ел Шеик и Ријад, како дел од координираните активности за враќање на граѓаните во земјава.

— реклама —

Според најавите, авионот треба да полета во 16 часот по локално време, а пристигнувањето на Меѓународниот аеродром во Скопје е предвидено во 20:10 часот. За летот се пријавени вкупно 147 патници, од кои 119 се македонски државјани, а 28 се странски државјани.

Со реализацијата на денешниот лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе достигне 605.

— реклама —

Од Министерството потенцираат дека безбедноста на граѓаните останува највисок приоритет, нагласувајќи дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразиле интерес за враќање е целосно завршена.

Воедно, информираат дека дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат достапни за македонските граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги осуди нападите на Хутите врз аеродромите во Саудиска Арабија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

МНР: Претставник на македонската делегација бил присутен на говорот на Нетанјаху

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли наводите на ЦГК: Евакуацијата од Блискиот Исток беше законска и во интерес на граѓаните

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања