Промени тема
Контакт

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

Министерството за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата подготвува прифаќање на францускиот предлог, оценувајќи дека станува збор за обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста.

— реклама —

Во реакцијата се наведува дека тврдењата за таен договор или тајни преговори се невистинити и претставуваат, како што велат, уште една конструкција пласирана во јавноста.

— реклама —

Од Министерството посочуваат дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, европските институции, Бугарија и другите меѓународни партнери, а разговорите се водат транспарентно.

— реклама —

„Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба и крајна цел на оваа Влада“, се наведува во реакцијата.

Од МНР додаваат дека, за разлика од претходната власт, актуелната надворешна политика се води одговорно, принципиелно и во согласност со националните интереси, обвинувајќи го СДСМ дека преку вакви прес-конференции се обидува да им се додвори на одредени политички кругови во соседството наместо да ги брани интересите на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги осуди нападите на Хутите врз аеродромите во Саудиска Арабија

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

МНР: Претставник на македонската делегација бил присутен на говорот на Нетанјаху

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли наводите на ЦГК: Евакуацијата од Блискиот Исток беше законска и во интерес на граѓаните

Македонија | пред 3 месеци

media-library1vq09bb3o72l0JAWy66

Муцунски со европски дипломати: Фокус на реформи, безбедност и интеграции

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања