Промени тема
Контакт

МНР ги осуди нападите на Хутите врз аеродромите во Саудиска Арабија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија остро ги осуди нападите на Хутите врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад и аеродромот во Абха, Саудиска Арабија.

— реклама —

Во реакцијата објавена на социјалната мрежа „Икс“, Министерството посочува дека во инцидентите имало цивилни жртви, а дополнителна загриженост предизвикала штетата од остатоците од ракетите врз градинка и медицински комплекс.

— реклама —
— реклама —

„Нападите врз цивили и инфраструктурата претставуваат сериозно кршење на меѓународните норми и меѓународното хуманитарно право“, се наведува во реакцијата.

Од Министерството изразија целосна солидарност со Саудиска Арабија и нејзиниот народ, упатувајќи најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и поддршка за сите погодени од инцидентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

МНР: Претставник на македонската делегација бил присутен на говорот на Нетанјаху

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли наводите на ЦГК: Евакуацијата од Блискиот Исток беше законска и во интерес на граѓаните

Македонија | пред 3 месеци

media-library1vq09bb3o72l0JAWy66

Муцунски со европски дипломати: Фокус на реформи, безбедност и интеграции

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања