Македонија

Мигрант удрен од воз, пренесен во „Мајка Тереза“

На 30.03.2019 во 20.00 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице- странски државјанин.

Според пријавеното, повреденото лице било донесено во текот на денот со возило на Итна медицинска помош од Гевгелија, а на нив им било предадено од екипа на Црвен Крст. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека се вика У.Ш., дека е од Пакистан и дека бил удрен од воз додека се движел по пруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток