🔴 ВО ЖИВО: „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Левица: Пензионирани пилоти и ова лето ќе гаснат пожари - пожарникарите не поседуваат ниту минимум потребна опрема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
photo_2025-07-02_14-31-44

„Пензионираните пожарникари повторно ќе ја спасуваат Македонија од летните пожари“ , велат од Левица и додаваат:

— реклама —

Во државата моментално има само еден исправен ер трактор за гаснење на истите. После една година власт на ДПМНЕ и ЗНАМ, условите за работа на противпожарните единици не се подобрени по ниту еден параметар. Нè очекува уште едно лето во кое безбедноста на граѓаните е оставена на последно место.

Власта никако да ја научи лекцијата и покрај тоа што минатата година изгореа 90.000 хектари површина, што е околу 4% од територијата на Македонија. Стојанче Ангелов од Дирекцијата за заштита и спасување наместо да се заложи за обезбедување на ер трактори, ја лаже јавноста дека во моментов нема потреба од дополнителни летала. Го прашуваме Христијан Мицкоски, дали тој ќе поднесе одговорност, доколку и ова лето ни се случи катастрофа со пожарите како и претходното, со оглед на тоа дека со негова одлука Стојанче Ангелов е преземен како кадар на валдата на СДС и ставен да управува со овој важен ресор од неговата влада?

— реклама —

Потсетуваме, при креирањето на Буџетот за 2025 година, пратениците на Левица поднесоа амандман 200 милиони денари да се додадат во ставката за купување на опрема и машини за да се прераспределат на територијалните противпожарни единици. За жал, владејачкото мнозинство од ДПМНЕ одби да го прифати овој амандман, што неминовно ќе доведе до потешкотии со превенирање на пожарите и несомнено ќе ги доведе шумите, но и граѓаните во опасност.

Државата сè уште е во катастрофална состојба и не може да превенира или да се справува со пожарите во летниот период. За системската негрижа на ДПМНЕ и СДСМ и не инвестирање во системот за противпожарна заштита, данокот го плаќаат македонските шуми, планини и полиња! Доколку државата итно не интервенира со неопходното купување на нова противпожарна опрема, техника како и обучување на пилоти и зголемување на бројот на ер тракторите, превенција од нови катастрофи тешко дека ќе има.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ivica-tomovski

Левица ќе достави фотографии до Антикорупциската комисија во предметот за „Сити Аутсорсинг“ и директорот на СОЗР, Ивица Томовски

Македонија | пред 40 минути

media-libraryurdlg2hik65qcX4p8dm

Левица: Дали Митески чека трагедија за да го затвори „Зимзоленд“?!

Скопје | пред 21 час

media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси

Македонија | пред 1 ден

jancev

Родителите на тинејџерите од сообраќајката во Марино бараат одземање на имунитетот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања