Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) Пожар во синагога во Мелбурн – уапсен осомничен, Израел и Австралија остро реагираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Screenshot-2025-07-06-at-10.59.11

Австралиската полиција уапси 34-годишен маж под сомнение дека подметнал пожар на влезот на синагога во Мелбурн, додека во објектот се наоѓале околу 20 верници. Инцидентот се случил во петокот вечер, за време на Шабат – еврејскиот ден за одмор. За среќа, никој не е повреден, а пожарот бил брзо изгаснат.

— реклама —

Осомничениот е обвинет за загрозување на живот, а австралиската полиција истражува дали делото има терористички мотиви. Според соопштението, се анализираат „намерите и идеологијата“ на напаѓачот.

— реклама —

Инцидентот доаѓа во време на зголемени тензии и неколку антисемитски напади низ Австралија од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт во октомври 2023 година. Полицијата исто така истражува поврзаност со немири пред израелски ресторан во Мелбурн, кој истата вечер беше оштетен, а едно лице е уапсено.

— реклама —

Инцидентите предизвикаа остра реакција од Израел и Австралија. Претседателот на Израел, Исак Херцог, го осуди нападот како „гнасен чин насочен против Евреите“ и повика да не се дозволи ваквите дела да се повторуваат. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ги нарече нападите „тешки злосторства од омраза“, изразувајќи поддршка за австралиската еврејска заедница.

— реклама —

Австралискиот премиер Ентони Албанезе го осуди нападот како „кукавички“ и потенцираше дека можел да има катастрофални последици. Тој потсети дека ова е втор напад на синагога во Мелбурн во последните седум месеци и вети целосна поддршка во справување со растечкиот антисемитизам.

Последниве месеци, повеќе синагоги, училишта, домови и возила во Австралија беа мета на вандализам, запалувања и закани. Владата веќе формираше специјална единица за борба против антисемитизмот, по откривање на лажен заговор за терористички напад во Сиднеј.

Полицијата продолжува со истрагата за последниот напад, кој предизвика загриженост и вознемиреност кај еврејската заедница во Австралија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvfitn7r6hsp001zvOAO

Австралија забранува познати лица во реклами за коцкање

Свет | пред 16 часа

media-libraryvquqh6q8ehjo8UvZmJ0

Австралискиот премиер во обраќање до нацијата: Следуваат тешки месеци

Свет | пред 1 ден

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Австралија ги преполови акцизите за гориво за да го ублажи ценовниот удар

Свет | пред 3 дена

media-libraryrgil7tncv4e3aKeOVmA

Закон без целосен ефект: Децата лесно ја заобиколуваат забраната за социјални мрежи во Австралија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања