(Видео) Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски: Ќе го воскреснеме Скопје од сивилото


Време е Скопје да го вратиме на скопјани и да изградиме Град на кој сите ќе се гордееме, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје. Рече дека сообраќајниот хаос, но и прљавиот град ќе бидат први работи. Тој рече дека нема разлика помеѓу Данела Арсовска и Петре Шилегов.
„Свесен сум во каква состојба е Скопје, во какво сивило живееме, но спремен сум по завршување на овие избори, да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот на сите сограѓани, без делби, ќе останам близок до сите граѓани. Не очекувајте од мене салонски политичар, покажав и овие изминати години дека не сум таков, дека сум меѓу граѓаните за да ги ислушам. Ја барам поддршката од сите скопјани, без разлика вера, нација, политичка припадност. Ги повикувам сите да се приклучат во оваа заедничка мисија“, рече Ѓорѓиевски.
Тој рече дека почнуваат со креирање на програмата, детално ќе се разработува, дека ќе има рокови и колку ќе чини. Сѐ што ќе зацрта, тој рече дека ќе даде се од себе да биде реализирано.
