Последниот критичен пациент од Кочани е надвор од опасност; Мицкоски: Му простувам на родителот што ме навредуваше


Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија „Сител“ изјави дека сочувствува со семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани и дека му простува на родителот кој, под влијание на болката, го навредувал пред камери.
„Сочувствувам со нивната болка. Трагедијата беше страшна и не задеси по само осум месеци од преземањето на власта. Она што го направивме досега, ретко кој го направил – денес добив информација дека и последниот пациент кој беше во критична состојба е надвор од опасност. Првата група веќе го заврши рехабилитацискиот третман на Пониква, а на почеток на следната недела следува втората група. Континуирано сме во контакт со повредените и со семејствата на починатите“, рече Мицкоски.
Во однос на навредите што ги добил од еден од родителите, тој изјави:
„Оној родител кој ме навредуваше, му простувам тоа е специфична ситуација во која не би можел да замислам како се чувствува човекот“.
