Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Отстранет од сообраќај, пренесен во болница, по што е лишен од слобода скопјанец кој пијан возел на патот Охрид-Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
policija-policaec-35-450x270-1

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило "тојота" со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.

— реклама —

Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.

— реклама —

Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.

Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.

— реклама —

По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик "безобѕирно управување со моторно возило".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryson3j741kl6g4HIeujs

Акциски контроли во Скопје и Охрид: Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект

Македонија | пред 7 часа

media-library8bcqe85dfp6j2maoUSO

Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, шестмина управувале без возачка дозвола

Македонија | пред 8 часа

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје, во Штип синот го нападнал својот татко

Македонија | пред 8 часа

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Кривична пријава против 26-годишник од Житоше за овозможување употреба на дрога

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања