Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Гостиварец си признал дека од лажен профил на социјална мрежа објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР поднесе кривична пријава против 27-годишен жител на Гостивар, К.Н., кој е осомничен дека од лажен Инстаграм-профил јавно објавувал приватни фотографии од девојки од Гостивар, проследени со навредливи и сексистички текстови.

Како што соопшти МВР, случајот бил расчистен по неколкумесечна истрага, а инцидентот датира од 28 февруари годинава, кога на лажен профил на Инстаграм биле објавени фотографии од шест девојки, преземени без нивна согласност од нивните приватни профили.

— реклама —

„Покрај објавата на фотографиите, објавени биле и текстови со вулгарна и навредлива содржина, со што биле злоупотребени лични податоци и нарушено достоинството на оштетените“, информираат од полицијата.

К.Н. бил повикан на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде го признал делото. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, казниво по член 149 од Кривичниот законик.

— реклама —

МВР апелира до граѓаните да пријавуваат вакви случаи на злоупотреба на социјалните мрежи и потсетува дека дигиталното насилство е казниво со закон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Алармантно: Секојдневие со семејно насилство, повеќе лица приведени

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library9u0sdv6b1be5fAg46oA

Злоупотреба на службена положба и фалсификување - штета од над 400 илјади денари

Македонија | пред 11 час

media-library56t6fcjl7jsebDDcXnh

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило

Македонија | пред 12 часа

media-libraryk3hjsd860rmhfzdWspV

Лажна дојава за бомби во училишта во Скопје

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања