Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Алармантно: Секојдневие со семејно насилство, повеќе лица приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

МВР информира дека во последното деноноќие се евидентирани седум пријави за семејно насилство, при што четири лица се лишени од слобода.

— реклама —

Во Скопје, на 28.04.2026 во 23:05 часот, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници го лишија од слобода Ф.Е. (27), откако претходно бил пријавен дека физички ја нападнал својата 25-годишна партнерка.

Истиот ден, на 29.04.2026 во 02:40 часот, на подрачјето на Чаир, беа приведени А.Д. (28) и М.Д. (59), по пријава дека во семејниот дом физички нападнале членови на семејството.

— реклама —

Во друг случај, на 28.04.2026 во Гази Баба, 51-годишна жена пријавила дека била физички нападната од својот сопруг П.М. (62), додека 60-годишна жена пријавила закани и фрлање тврд предмет од страна на нејзиниот сопруг Н.П.

— реклама —

Во Струга, на 28.04.2026, 38-годишна жена пријавила дека била физички нападната од поранешниот сопруг, при што е наведено и дека тој претходно ја следел и вознемирувал.

Во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода З.Р. (40), откако бил пријавен дека физички ја нападнал сопругата во семејниот дом, додека во Тетово е приведен Ф.А. (33) по пријава за семејно насилство врз неговата сопруга.

— реклама —

Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи, по што ќе следуваат соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntk5gaho89asfudYycD

Две лица со автомобил се обиделе да прегазат полицајци во Чегране

Македонија | пред 11 минута

— реклама —
media-libraryd1gkjdhbrm0u7RnvdbW

Приведен 56-годишник во валандовско, полицијата му пронашла пушка и муниција без дозвола

Македонија | пред 19 минути

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 1 час

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања