Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Европските лидери за NY Times потврдија: Трамп ја поддржал идејата на Путин за крај на војната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-16-at-09.21.21

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржува иницијативата на Владимир Путин за постигнување мировен договор со Украина, кој предвидува предавање на делови од Донбас под руска контрола, објави New York Times, повикувајќи се на двајца високи европски функционери.

— реклама —

Трамп им рекол на европските лидери дека верува оти мировен договор е можен ако украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи да се повлече од регионот Донбас, кој Русија не успеа целосно да го заземе и покрај повеќе од три години жестоки борби.

— реклама —

Според изворите, на самитот на Алјаска Путин директно побарал Украина да се повлече од Донецк и Луганск како услов за запирање на војната. За возврат, Москва би се согласила да ја „замрзне“ бојната линија во јужните региони Херсон и Запорожје.

— реклама —

Иако Луганск е речиси целосно под руска контрола, Украина сè уште ги држи главните делови од Донецк – вклучително и градовите Краматорск и Славјанск, како и силно утврдените позиции кои ја чинеле земјата десетици илјади жртви во одбрана.

Поддршката на Трамп за предавање на Донбас – регион богат со јаглен и железна руда – доаѓа во момент кога тој јавно бара директно склучување мировен договор, а не само прекин на огнот, кој, според него, „често не трае долго“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

h_57503169

Путин: Русија не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави

Свет | пред 3 дена

media-library89lcaqvsrfbb1FNm12j

(Видео) Путин го прекина говорот поради кашлица, Кремљ се огласи по шпекулациите за неговото здравје

Свет | пред 3 седмици

h_57503169

Путин: Би можеле да го прекинеме снабдувањето со гас за Европа

Свет | пред 3 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин успеа да ја раздели Коалицијата на доброволци

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања