Промени тема
Контакт

Путин: Би можеле да го прекинеме снабдувањето со гас за Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
h_57503169

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија би можела веднаш да престане со снабдување на европските пазари со гас и да се насочи кон, како што рече, „поперспективни пазари“, додека Европската Унија подготвува нови ограничувања за увоз на руска енергија.

— реклама —

Според информации на европски претставници и документ во кој увид имал Ројтерс, Европска комисија на 15 април ќе поднесе законски предлог за трајна забрана на увозот на руска нафта, само три дена по парламентарните избори во Унгарија.

Во разговор со новинарот на руската државна телевизија Павел Зарубин, Путин изјави дека се отвораат нови пазари кон кои Москва би можела да се пренасочи.

— реклама —

„Сега се отвораат други пазари. Можеби би ни било поисплатливо веднаш да престанеме со снабдување на европскиот пазар и да се насочиме кон тие пазари и таму да се етаблираме“, рече рускиот лидер.

— реклама —

Тој нагласи дека станува збор за размислување, а не за донесена одлука.

„Ова не е одлука, туку размислување наглас. Сепак, ќе ѝ наложам на владата да работи на ова прашање заедно со нашите компании“, додаде Путин.

— реклама —

Рускиот претседател повтори дека Русија, според него, отсекогаш била сигурен снабдувач со енергија и дека ќе продолжи да соработува со партнери кои ги смета за доверливи, меѓу кои ги посочи Словачка и Унгарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

putin-2

Путин предупреди дека Русија е подготвена да го употреби целиот арсенал доколку биде нападнат Калининград

Свет | пред 1 ден

— реклама —
putin-5190

Путин тврди дека по бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО почнала да преовладува политиката на сила

Свет | пред 2 дена

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин предупреди: „Ескалацијата води кон катастрофа“

Свет | пред 2 дена

putin-094091

Украински генерал тврди: Путин се потпира на пророштва и совети од „старци“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања