Промени тема
Контакт

Алкараз во финале на Мастерсот во Синсинати – дуел со Синер за титулата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Спорт
alkaraz-1

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Мастерсот во Синсинати, совладувајќи го Германецот Александер Зверев во полуфиналето со 6:4, 6:3.

Младиот Шпанец по час и 45 минути игра обезбеди нов голем дуел со својот најголем ривал и актуелен број еден на АТП-листата, Јаник Синер.

— реклама —

Првиот сет беше решен во седмиот гем, кога Алкараз ја искористи втората брејк топка и стекнатата предност ја одржа до крајот на сетот.

— реклама —

Во вториот сет се виде кратка размена на брејкови – Алкараз прв му го одзеде сервисот на Зверев, но Германецот веднаш возврати. Сепак, завршницата целосно му припадна на Алкараз, кој уште двапати му го одзеде сервисот на противникот и рутински го приведе мечот до крај.

— реклама —

Со оваа победа, Алкараз избори ново финале на Мастерс турнир, каде што ќе се соочи со Синер (понеделник, 21:00 часот). Италијанецот во второто полуфинале беше подобар од француското изненадување на турнирот, Теренс Атман – 136. играч на светот, со 7:6 (4), 6:2.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Рафаел Надал повторно ќе игра тенис, се враќа по две години

Спорт | пред 3 дена

— реклама —
media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Што го „убива“ модерниот тенис? Долги мечеви, густ календар и сè повеќе повреди

Спорт | пред 4 дена

media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Сабаленка продолжува да доминира на УС Опен: Стигна до четвртфиналето

Спорт | пред 1 седмица

453245652_18456652396030927_7716401201356146522_n

Навоне го елиминираше Ѓоковиќ, но не стигна до осминафинале на УС Опен

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања