Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Си и Путин демонстрираат блискост: „Заедно градиме нов глобален поредок“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-09-01-at-10.22.49

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот колега Владимир Путин „свој добар пријател“ на почетокот од нивната средба во Пекинг, пренесуваат светските агенции. Двајцата лидери нагласија дека односите меѓу Кина и Русија претставуваат пример за „соседско пријателство, сèопфатна стратешка координација и заемно корисна соработка“.

Путин изјави дека Москва е подготвена да го зајакне стратешкото партнерство со Пекинг и да ја продолжи интензивната комуникација на највисоко ниво. „Односите меѓу нашите земји се без преседан“, истакна рускиот претседател.

— реклама —

Си Џинпинг, пак, ја поздрави „потполната стратешка соработка“ меѓу двете држави и ја изрази волјата за заедничка изградба на „праведен и разумен глобален систем на управување“. Тој остро ги осуди „чиновите на заплашување“ и „менталитетот на студената војна и блоковската конфронтација“, кои, како што рече, се закана за стабилноста.

— реклама —

Состанокот се одржа во време на зголемени глобални тензии. Путин претходно учествуваше на регионалниот самит во Тјанџин, а во среда ќе присуствува на големата воена парада во Пекинг по повод 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна и капитулацијата на Јапонија.

— реклама —

„Секогаш сме биле заедно тогаш и остануваме заедно и сега“, порача Путин, додавајќи дека присуството на парадите во Москва и Пекинг е почит кон придонесот на двата народа во победата над фашизмот.

И Кина и Русија се наоѓаат во заострени односи со Западот и САД. И покрај средбата на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска во август, нема знаци за приближување во ставовите околу Украина. Истовремено, односите меѓу Кина и САД се дополнително оптоварени поради трговската војна и воведените царини, додека Европа и натаму го критикува Пекинг за поддршката кон Москва во текот на конфликтот во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

lukasenko-1

Лукашенко: Ако падне Белорусија, непријателот ќе биде блиску до Москва

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-librarymv789oodgeuf0DwPytV

(Видео)Украински дронови нападнаа руски нафтени постројки и рафинерии

Свет | пред 1 ден

ruski-vojnik-rusija-

680.000 руски војници на фронтот, Киев очекува нов бран напади

Свет | пред 2 дена

nato-mrezi

Русија со закани кон четири НАТО членки

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања