Магазин

Ти требаше да бидеш тој кој ќе остане…

Ти ме научи на многу работи. Ме научи како да бидам силна и како да верувам во себе кога никој друг не верува. Ме научи како да сакам. Ме научи и на мали работи кои мислев дека никогаш нема да ги знам. Ме научи како да научам да чекам. Ме научи како да бидам разочарана. И тоа толку многу, што веќе престанав да бројам, затоа што моето срце не можеше повеќе да издржи.

Но, најважната работа на која ме научи е дека луѓето не остануваат. Да, драматично звучи, но вистинито е.

Мислев дека засекогаш ќе те сакам. Мислев дека ќе бидеме јас и ти до крајот на животот. Дури и кога се се распаѓаше дури и кога работите не одеа по план. Толку бев сигурна дека тоа ќе бидеш ти. И тогаш, одеднаш, ти повеќе не беше тука. Не бев јас таа која се откажа.

Многу сакав да ти ги кажав овие работи. Мислев можеби така ќе разбереш. Јас не сакав да се борам за некој друг. Не сакав повторно да почнувам одново. Но, се случи токму тоа.

Сакам да ти каќам неколку работи:

Ти требаше да бидеш тој што ќе остане…

За тоа нема никаков сомнеж во мојот ум.

Никогаш не планирав да ти кажам збогум. Секогаш планирав ова да биде засекогаш.

И колку да ме убива тоа, се уште верувам тоа. Сѐ уште верувам во тебе.

Не можам да те заборавам. Колку и да се трудам, изгледа дека правам два чекори напред и оп, ете си пред мене.

Би сакала да кажам дека најдов некој друг и дека е подобар од тебе и дека се грижи подобро за мене. Но, тоа би значело дека се лажам самата себе.  Затоа што на крајот сѐ се сведува на тоа дека само требаше да останеш. Да бидеш тука. Толку мала и едноставна работа.

Сакам да знаеш само една работа. Ќе те сакав до крајот на мојот живот. Ќе направев се што е во моја можност повторно да бидам со тебе. Да бидам личноста која ти ја сакаше. Девојката која сакав да бидам. За мене, никогаш нема да биде сосема завршено.

Навистина се трудев. И двајцата го знаеме тоа. Сега, размислувам за тоа како да продолжам понатаму. Затоа што ти го отфрли она што го имавме. Ти требаше да останеш.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток