Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Државата е нашиот дом, борбата за иднината е заедничка обврска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Venko-8-Septemvri

Лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во видео обраќање по повод Денот на независноста – 8 Септември, порача дека државата е дом на сите граѓани и борбата за нејзината иднина е заедничка обврска.

— реклама —

Филипче нагласи дека државата не е ничија сопственост, туку припаѓа на граѓаните. „Државата е на граѓаните. Таа е нашиот дом. За нашиот дом мора да се бориме сите. Македонија е и на тие што останаа овде, и на тие што заминаа, ама не заборавија. Мораме да ја чуваме оваа држава, затоа што немаме друга“, истакна тој.

— реклама —

Тој повика на политичко и државничко освестување, оценувајќи дека патриотизам е да се обезбеди чист воздух, да се помагаат послабите и посиромашните и да се гради правична држава. „Државата не се брани само со знаме и химна, се брани и со фер институции, и со праведно судство, и со еднакви шанси за сите. Денес заканата не е од оружје, туку од корупцијата, неправдата, дискриминацијата и сиромаштијата“, рече Филипче.

— реклама —

Претседателот на СДСМ потсети дека партијата во изминатите 34 години учествувала во сите клучни државни одлуки, со кои, како што рече, е зачувана државата од војна, изградени институциите, зголемени платите и социјалната помош, обезбедено членство во НАТО и справување со кризите.

„Сега е време да се обезбеди иднина што нема да зависи од тоа кој е на власт, туку каква држава сме изградиле. Ако 1991 се изборивме за независност, сега треба да се избориме за иднина. Честит нека ни е Денот на независноста, да ни е силна државата, да ни е чесна борбата“, порача Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 20 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања