Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Недозволиво е премиер од собраниска говорница да нарачува што треба да работи јавниот обвинител, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг со медиуми посочи дека однесувањето на власта претставува сериозно отстапување од демократските принципи и ја покажува концентрацијата на моќ во рацете на еден човек.

— реклама —

„Единствена партија која што има вистински автократски манири е ВМРО-ДПМНЕ, единствена партија што нема потпретседатели и тоа е сериозен проблем. Не може сè да зависи од еден човек, не може еден човек да кажува и да нарачува што јавниот обвинител треба да работи и тоа да го прави од партиска говорница. Тоа е недозволиво во една демократија. Јасни се автократските манири и тенденции, а ние ги најавивме одамна, има повеќе од година дена кога најавивме како ќе се движи оваа држава“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека владината коалиција со недемократското владеење ја води државата во погрешна насока.

— реклама —

„Сега ја води државата една целосно недемократска власт, една коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ чии што лидери имаат многу слични карактеристики, едниот ја предаде партијата, Максим Димитриевски, а Мицковски ја предаде државата“, нагласи Филипче.

— реклама —
media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски: Очекувам јавниот обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор, како се судеа луѓе за тероризам и како се делеа бонуси во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител.„Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот Обвинител, стојат или во фиока или на дното од приоритетите. Често

Македонија | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4vga89r95vis6Q7ERoC

Филипче: Зад владините бајки се кријат задолжувања и осиромашување на граѓаните

Слајдер | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 4 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања