Спорт

Ученички од ООУ „Партенија Зографски“ станаа шампионки во одбојка

Одбојкарска екипа составена од ученички од ООУ „Партенија Зографски“ втора година по ред го освојува првото место во натпреварувањата помеѓу скопските основни училишта.

На натпреварите кои беа во организација на Федерацијата на училишен спорт на град Скопје шампионките од Кисела Вода лесно ги надиграа своите врснички. Додека, момчињата од истото училиште го освоија вторто место во одбојка.

Во периодот од 9 до 11 мај учениците од ООУ „Партенија Зографски“ во Куманово ќе се натпреваруваат на државно првенство, на „Мали олимписки игри“.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток